Top Sport

Марио Станковски, ново засилување за Тиквеш

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш ангажираше уште едно засилување. Марио Станковски ќе го засили нападот на кавадаречкиот тим пред новата сезона во Првата лига.

Станковски во Тиквеш доаѓа од редовите на словенечки Триглав каде ја мина претходната полусезона.

Претходно, пред заминувањето за Словенија, тој настапуваше за Работнички.

Scroll to Top