Поранешниот голман на Манчестер јунајтед и Челси, Марк Боснич, конечно, проговори за својот „кокаински пекол“ и обидот на поранешниот капитен на „сините“, Џон Тери да го извади од него.
Боснич отслужи деветмесечна суспензија по позитивниот тест на кокаин во 2002 година и Австралиецот вели дека главната причина била врската со моделот Софи Андертон и „губењето“ во ноќниот живот на западен Лондон.
„Џон се обидуваше да ми помогне, но не успеа. Тоа беше дел од луѓето кои ми ја пратија таа девојка. Се обидов да и помогнам и се заљубив. Но, таа ми беше пратена поради посебна причина. Џон забележа сличен проблем со другите фудбалери во тој кварт, во Велингтон и тој ми кажуваше: ’Не оди таму’. И беше во право. Лоши луѓе, лошо друштво. Проблемот беше во тоа што немав кому да се посветам и голема желба да дознам што се случува. И, затоа, паѓав, паѓав, паѓав“, вели 46-годишниот Боснич.
Боснич дојде во Челси по проблематичен период на „Олд Трафорд“ и проблемите само се зголемија.
„Имам среќа што се извлеков, бидејќи сега воопшто немаше да зборувате со мене. Се откажав не само од фудбалот, туку и од самиот себеси и тоа беше многу опасно. Не беше лесно да се биде до мене“, додава Боснич.