Top Sport

Муратоглу: Кам-бекот на Федерер беше поимпресивен од тој на Ѓоковиќ

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ имаа спектакуларно враќање на највисоко ниво во светот на тенисот по низата повреди, но тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу вели дека Швајцарецот направил поголемо изненадување.

Во 2017 година Федерер освои два гренд слем турнири (Австралија опен и Вимблдон) откако долго време беше „отпишуван“ од конкуренцијата, додека Ѓоковиќ во 2018 се врати исто така со два големи трофеи (Вимблдон и САД опен), а во ноември го презеде првото место на АТП листата.

„Мислам дека двајцата имаа импресивни враќања, но достигнувањето на Роџер е поголемо. Новак не ја загуби својата игра, туку својата мотивација и својот фокус. Тој беше на лошо место ментално и поради тоа не се натпреваруваше, но неговиот тенис не падна. Неговиот кам-бек е големо остварување, но не и големо изненадување. Роџер пак, не беше на врвот, доби незгодна повреда и паузираше подолго време. Кога се врати, тој играше многу подобро и правеше работи кои се нови на теренот. Се врати со решение за проблемите кои на пример Рафаел Надал му ги создаваше цела кариера“, вели Муратоглу.

Scroll to Top