Top Sport

Марк Овермарс во болница по „слабиот“ мозочен удар

Легендата на Арсенал, а сега спортски директор на белгискиот Антверпен, Марк Овермарс е во болница каде што се опоравува од тоа што клубот го нарече „слаб мозочен удар“.

На 49-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал, Ајакс и Барселона, му се слошило во четвртокот, по што веднаш бил однесен во болница. Холанѓанецот се приклучи на Антверпен оваа година, откако помина една деценија како фудбалски директор на Ајакс, но мораше да се повлече по обвинувањата дека сексуално вознемирувал дел од вработените жени во клубот.

„Марк е добро, но сега мора да одмори малку“, се вели во објавата на Антверпен.

Овермарс освои три титули и еден трофеј од ЛШ со Ајакс пред во 1997 година да се пресели во Арсенал, со кои освои три куп-титули, пред во 2000 да потпише со Барселона. Вториот дел од неговата кариера беше одбележан со повеќе повреди и тој се пензионирашае во 2004 година.

Scroll to Top