Top Sport

Марк Вилмотс го презема кормилото на Иран

Белгискиот фудбалски стратег Марк Вилмотс е нов селектор на репрезентацијата на Иран и на таа позиција ќе го замени Португалецот, Карлос Квеирош, јавуваат тамошните медиуми. Потврда стигна и од претседателот на фудбалскиот сојуз на Иран, Ками Рита Шерп.

Информациите се дека Вилмотс ќе потпише договор до крајот на следното Светско првенство кое ќе се одржи во 2022 година, а Белгиецот ќе има годишна плата од 1,2 милиони долари.

Вилмотс доаѓа на местото на Квеирош кој е сменет поради елиминацијата на Иран во полуфиналето на Азискиот куп.

Португалецот беше кормилар на иранската репрезентација речиси 8 години и ги предводеше Иранците на две Светски првенства.

Scroll to Top