Top Sport

„Л`Екип“: Нејмар го наговара Кутињо да дојде во Париз

Бразилската ѕвезда во редовите на ПСЖ , Нејмар сака во Париз да го донесе неговиот сонародник од Барселона, Кутињо, пишува „Л`Екип“.

Според информациите на угледниот медиум, Барселона сака да го „откаќи“ најскапиот фудбалер во клупската историја кој по година ипол помината на „Ноу Камп“ не се прослави со своите настапи.

Каталонците го платија Кутињо 135 милиони евра, а сега, според информациите, се подготвени да го продадат за 100 милиони евра.

За ПСЖ се претпоставува дека финансискиот дел не е проблем, останува Нејмар да го убеди својот голем пријател да дојде на „Паркот на принцовите“.

Пред да дојде во Барселона, Кутињо беше ударната игла во нападот на Ливерпул, но во Каталонија се пресели, како што кажа, за да ја освои Лигата на шампиони.

Scroll to Top