Top Sport

Марка: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.

Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.

Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Двајцата загинале.

Според сведоците, возилото било зафатено од пламен, кој потоа се проширил на блиската вегетација.

Одделот за итна медицинска помош (УИМ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од Здравствениот центар Момбуј можеле само да ја потврдат смртта на двајца млади луѓе на лице место.

Трагедијата е уште поголема бидејќи Диого се ожени на 22 јуни. Тој зад себе ги остави сопругата, со која се ожени пред само четири дена, и три деца.

Диого Жота кариерата ја започна во Пакош Ферерира во 2014 година. По две години се сели во Атлетико Мадрид, а потоа патото преку Порто и Вулверхемптон го однесе во Ливерпул.

За клубот од „Енфилд“ со кога сезонава стана англиски шампион, потпиша во 2020 година. Ливерпу за неговиот трансфер издвои 40 милиони фунти.

Scroll to Top