Top Sport

„Марка“ го избра Столе Димитриевски во тимот на колото во Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се најде во најдобриот тим на 5.коло во Ла Лига, во анализата на престижниот шпански весник „Марка“. Тој имаше одлично издание во дресот на Рајо Валјекано на натпреварот против Валенсија (2:1).

Димитриевски бранеше одлично, беше сигурен на голот, а прими погодокот во судиското продолжение од дуелот.

Scroll to Top