Top Sport

„Марка“: Јовиќ најнепродуктивно засилување од 2001 година

Шпанските медиуми немаат милост кон Лука Јовиќ, за кого Реал во летниот преоден рок платија 60 милиони евра. Српскиот репрезентативец се уште нема постигнато гол на официјален натпревар.

„Марка“ објави дека Јовиќ е најнепродуктивниот напаѓач кој пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ од 2001 година до денес.

„Откако започна овој милениум Реал секогаш носеле играчи на кои им се восхитувал целиот свет, од Роналдо Назарио, до Мајкл Овен, Раул, Карим Бензема и Кристијано Роналдо. Кога ќе ги погледнеме засилувањата во нападот, без разлика дали станува збор за летниот или зимскиот преоден рок, никој не бил толку долго време без постигнат гол како што е случај со Лука Јовиќ, тоа не им се случи ниту на Клас Јан Хунтелар и Емануел Адебајор“, пишува во текстот на „Марка“.

Во текстот пишува дека и тие бавно започнале но дека барем го демонстрирале „инстинктот за гол“, додека Јовиќ досега не „покажал ништо“

„Марка“ не пишува дека Јовиќ досега одиграл само 218 минути и дека најчесто влегува од клупата. Исто така Бензема одлично игра од почетокот на сезоната и тешко дека Јовиќ ќе може да му го земе местото во првиот тим.

Реал на 19 октомври ќе гостува кај Мајорка и тогаш ќе се навршат 63 дена откако не постигнал гол за „кралскиот клуб“.

Scroll to Top