Лука Модирќ нема по добро да ја памети 2019, пишува влијателниот спортски медиум „Марка“. „Влезе во сезоната со намера да покаже дека моментна слабост му беше првиот дел од сезоната, но во вториот дел од истата сезона неговиот пад продолжи“, пишува „Марка“.
Дека хрватскиот репрезентативец повеќе не е фактор во играта на Реал покажува еден податок. Тој имал лимитирана минутажа во четирите најзначајни натпревар што Реал ги одиграл во првиот дел од оваа сезона.
Првиот меч против ПСЖ во Лигата на шампионите го пропуштил поради повреда, но потоа во вториот меч против истиот ривал добил само 14 минути, а против најголемите ривали во Шпанија, Атлетико и Барселона вкупно бил на теренот 30 минути.
Поради ова „невидлива“ останува неговата статистика во првиот дел од сезоната, 17 натпревари, три гола и пет асистенции.
Модриќ е в Реал од 2012 година и како што пишува „Марка“, иако има 34 години тој „не навикнал да седи на клупата за резерви и на секој тренинг напорно работи за да докаже дека заслужува место во првиот тим.“
„Покрај тоа што е врвен фудбалер и институција на реал Мадрид, Модриќ е колегијален, подготвен да помогне, но не може да се помири со фактот дека повеќе не е незаменлив во тимот“, пишува „Марка“ и ја наведува главната причина поради која тој е резерва во важните натпревари.
„На сцената стапи Феде Валверде и стана човекот кој му го дава ритамот на Реал“.