„Марка“, највлијателниот спортски медиум во Шпанија, денес објави текст со наслов: „Планот на Мадрид: продажби да, позајмици не“, со кој ги најавува плановите на Флорентино Перез во летниот преоден рок.
Целта на првиот човек на Реал во преодниот рок ќе биде максимално да ги намали трошоците, а од продажбите на фудбалери да се заработат пари за играчи кои би го засилиле тимот.
Главни цели, во преодниот рок на Реал ќе бидат младите француски играчи, Килијан Мбапе од ПСЖ и Едуардо Камавинга од Рен. Реал и пред почетокот на преодниот рок обезбеди едно засилување. Од Баерн како слободен играч во Мадрид ќе пристигне Давид Алаба.
Планот на Реал е едноставен, пари за овие трансфери ќе се обидат да обезбедат со продажба на девет фудбалер.
Според „Марка“, на продажба се Брахим Дијаз, Дани Себаљос, Лука Јовиќ, Хусус Ваљехо, Такефуса Кубо, Иско, Борха Мајорал, Герет Бејл и Рениер. Најголем број од овие играчи сезонава играат во други клубови како позајмени фудбалери.
Најголем проблем за Реал ќе биде да го откачи Герет Бејл. Велшанецот е во Тотенхем, но нема да остане во Лондон. Тотенхем нема да го откупат неговиот договор, а тој има намера да ја одработи и последната сезона од договорот со Реал која ќе му донесе 17 милиони евра.