Top Sport

„Марка“ најавува сензационален трансфер: Нејмар ќе заврши во Реал

Весникот „Марка“, традиционално наклонет кон Реал Мадрид, денес објави информација што може да предизвика нови тектонски пореметувања на трансфер пазарот. „Марка“, тврди дека до крајот на преодниот рок во Шпанија и Франција, Реал за 300 милиони евра ќе го донесе Нејмар од ПСЖ.

Во целата приказна на весникот, постои еден проблем што претставува проблем за ПСЖ, а од кои би можел да профитира Реал.

Станува збор за новите финансиски истражувања на УЕФА, кои доколку бидат неповолни за францускиот шампион, тогаш ПСЖ ќе мора да го продаде Бразилецот за 300 милиони евра, пари што би биле неопходни за ПСЖ да ја избегне евентуалната казна.

„Марка“, пишува дека одлуката на УЕФА за ПСЖ ќе биде донесена наскоро и дека доколку таа биде негативна, како што се претпоставува, тогаш двата тима ќе имаат доволно време да го завршат евентуалниот трансфер на Бразилецот.

Овој трансфер, во случај да биде реализиран, би бил ставен во категоријата на ткн. модерни трансфери, бидејќи пред две и помалку децении сумите за трансферите беаа многу помали. Исто така пред 20 години не постоеја утврдени правила и казни за кршење на финансискиот фер-плеј.

Доколку на „Паркот на принцовите“ бидат приморани да го продадат Нејмар, тогаш тоа ќе биде најпознатиот случај на трансфер предизвикан од правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА.

Scroll to Top