Top Sport

Поранешниот бразилски челник Марин осуден на четири години затвор

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ), Жозе Марија Марин, поради рекетирање и корупција во ФИФА е осуден на чатири годишна затворска казна.

Овој 86-годишен фудбалски функционер е првиот што добил затворска казна, по истрагата во САД поради корупција во ФИФА. Покрај затворската, на Марин му е одредена и парична казна, во износ од 1,2 милиони долари.

Марин е осуден бидејќи се занимавал со нелегални работи во делот на медиумите и маркетинг правата за разни турнири, вклучувајќи ја и Копа Америка.

Судијата Памела Чен, во образложението за пресудата навела дека „Марин бил многу алчен“.

Марин, во мај 2015 година, бил уапсен во Цирих, заедно со првиот човек на Јужно-американската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ), Хуан Анхел Напуто, кого исто така го очекува затворска казна.

Scroll to Top