Top Sport

„Марка“ најде пат за бегство на Нејмар од ПСЖ

Шпанска „Марка“ се чини го пронајде најлесниот пат како бразилскиот ас, Нејмар да избега од ПСЖ и да се пресели во Барселона или Реал Мадрид.

Барса и ПСЖ не се во најдобри односи, додека потполно различна е релацијата на францускиот клуб со Реал Мадрид. Како поранешен играч на Каталонците, доколку Нејмар се пресели на „Бернабеу“ тоа би предизвикало бура, но „Марка“ тврди дека Бразилецот би бил согласен на таков трансфер по сјајните момети поминати во Барса.

Нејмар кај каталонската екипа беше клучен играч и имаше многу успеси, ја освои Лигата на шампиони и двапати триумфираше со тимот во Примера. Многу играчи од таа екипа се уште се на „Камп Ноу“, па Бразилецот не би дошол во непозната средина. Сепак, поради лошите односи на францускиот и шпаскиот клуб, Реал гледа своја шанса да го доведе Нејмар во Мадрид.

Според шпанскиот весник, за ПСЖ никако не доаѓа во комбинација размена на играчи, иако Реал се обидува подолго време да се „ослободи“ од Герет Бејл и Хамес Родригез.

Нејмар сака да си оди од Париз само две години откако таму стигна за рекордни 222 милиони евра.

Scroll to Top