Top Sport

Меси направи паника во Барса, Каталонците се плашат од најлошото!

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Аргентинецот Лионел Меси го пропушти синоќешниот подготвителен меч против Наполи и прашање е дали ќе биде подготвен за почетокот на сезоната во шпанското фудбалско првенство.
Барса во петок ја стартува Примера против Атлетик Билбао.

Тренерот Ернесто Валверде не верува дека Меси навреме ќе се опорави од повредата.

„Во процес на опоравување е и не знам дали ќе биде подготвен за почетокот на Ла Лига. Работите не изгледаат добро“ – порача Валверде.

Популарниот портал „Гол.ком“ оваа изјава на стратегот на Барса го опиша со наслов „Во Барселона се потат поради Меси“.

Сите се свесни колку е Аргентинецот важна алка во тимот. Минатата сезона тој даде 51 гол во сите натпреварувања и му помогна на клубот да дојде вторпат во низа на пиедесталот во Шпанија.

Scroll to Top