Top Sport

Марка: Очај во Барселона, клубот нема пари за нови играчи

Барселона има потреба од нови играчи, но нема да донесе никого во зимскиот преоден рок, пишува „Марка“. Каталонскиот клуб на спискот има голем број играчи кои сакаше да ги доведе и сметаше на нив, но некои од нив најдоа нови клубови, а за останатите Барселона едноставно нема пари.

„Барса се раздели со Мемфис Депај и Жерар Пике, чии заминувања ослободија меѓу 15 и 20 милиони евра во буџетот. Сепак, ова не е доволно клубот да доведе некого во рамките на финансискиот фер-плеј, па нема да има нови засилувања на Ноу Камп оваа зима“, пишува „марка“ и продолжува:

„Барса на секој начин се обидуваше да донесе некого, но не успеа. Чави многу го сакаше Марсело Брозовиќ, но играчот и неговата плата во пакет беа прескапи, па тој договор пропадна. Напаѓачот Гонзало Гуедеш сакаше да замине во Барселона, но тој ја избра Бенфика бидејќи не беше сигурен што ќе се случи со Барса“.

Спортскиот директор Матеу Алемани повеќе нема да прави комбинации како да донесе нови играчи, па „Марка“ тврди дека приоритет на Барса се новите договори за клучните играчи во иднина, а тоа се Гави, Балде, Араухо и Инаки Пена.

Scroll to Top