Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид. „Марка“ објави детали од договорот помеѓу клубот и фудбалерот на Челси.
Според овој извор, соработката ќе биде официјализирана по завршувањето на сезоната, доколку во последен момент не се случи нешто непредвидено што би ја спречила реализацијата на трансферот.
Ридигер, фиксно ќе заработува 11.000.000 евра, што значи дека само за неговата плата, Реал за четири годони ќе издвои 44.000.000 евра. Исто така фудбалерот ќе добие 15.000.000 евра за потпис на договорот.
Ридигер кариерата ја започна во Штутгарт, во 2015 година стана играч на Рома, а две години подоцна за 35.000.000 евра се пресели во Челси.