Top Sport

„Марка“ откри кој ќе ја добие Златната топка

Водечкиот спортски медиум во Шпанија, „Марка“, го објави името на освојувачот на Златната топка. Вакво нешто „Марка, направи и пред три години. Свечената церемонија ќе се одржи кон крајот на ноември.

Престижната награда ќе ја добие фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Тој беше фаворит и минатата година, но поради коронавирусот, наградата не беше доделена.

Оваа година, Левандовски, има постигнато 48 голови на 40 натпревари.

„Марка“, тврди дека зад Полјакот ќе бидат Лионел Меси и Карим Бензема.

Меѓу најодбрите десет, зад најдобрите тројца се Мохамед Салах, Жоржињо, Килијан Мабпе, Нголо Канте, Ерлинг Халанд, Кристијано Роналдо и Кевин Де Брујне.

Scroll to Top