Top Sport

АТП: Ѓоковиќ на врвот ја зголеми предноста

Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал на АТП листата. Првата позиција на српскиот тенисер сигурно не може да биде загрозена до завршувањето на Вимблдон.

На најновата АТП листа има неколку промени во Топ 10. Марин Чилиќ се врати во ова друштво додека најдобрите рејтинзи во кариерите ги имаат Доминик Тим и Стефанос Циципас.

По Мастерсот во Мадрид, Ѓоковиќ има 4.170 поени повеќе од Надал. Србинот во Мадрид освои 755 поени повеќе од Шпанецот, кој не успеа да го одбрани трофејот.

Доминик Тим во Мадрид стигна до полу-финалето, каде беше поразен од Ѓоковиќ, оф денес се наоѓа на четвртото место на АТП листата, додека Стефанос Циципас е на седмата позиција.

АТП, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.115
2. Рафаел Надал (Шпанија) 7.945
3. Роџер Федерер (Швајцарија) 5.770
4. Доминик Тим (Австрија) 4.845
5. Александар Зверев (Германија) 4.745
6. Кеи Нишиори (Јапонија) 3.860
7. Стефанос Циципас (Грција) 3.790
8. Кевин Андерсон (Јужна Африка0 3.755
9. Хуан Мартин дел Потро (Аргеннтина) 3.145
10. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.025

Scroll to Top