Top Sport

Марка: Пелегрини има нов клуб

Искусниот тренер Мануел Пелегрини се враќа во Ла Лига. „Марка“ тврди дека тој ќе биде новиот тренер на Бетис. Чилеанецот е без работа од декември минатата година кога доби отказ во Вест Хем.

„Марка“ пишува дека челниците на Бетис веќе неколку дена водат интензивни преговори со Пелегрини и дека наскоро клубот ќе ја официјализира соработката. Во Бетис биле убедени дека со Пелегрини ќе можат да ги остварат зацртаните цели.

„Бетис својот амбициозен проект ќе му го довери на Пелегрини“, пишува „Марка“.

Пелегрини со Бетис треба да потпише две годишен договор. Чилеанецот претходно во Шпанија беше тренер на Малага, Вилјареал и Реал Мадрид.

Scroll to Top