Top Sport

Марка: Реал со Мбапе е полош од минатата сезона

Килијан Мбапе по повеќегодишни преговори летово како слободен играч пристигна во Реал Мадрид од ПСЖ. Крилниот напаѓач не ги оправда очекувањата.

Од францускиот напаѓач се очекуваше многу, но тој не ја оправда репутацијата со која дојде во Мадрид. Весникот „Марка“, близок до Реал Мадрид, пишува дека играчот кој беше опишан како најдобар напаѓач во светот „е далеку од играчот за кој сите мислеа дека е природен наследник на Лионел Меси или Кристијано Роналдо“.

Неговите 10 гола и две асистенции не ја покажуваат реалната слика се додава во текстот и се истакнува дека е невозможно да се споредува Реал од минатата и оваа сезона.

Кога ќе се споредат првите 15 натпревари во првенството (15) и Лигата на шампионите (5), со додавањето на Суперкупот на Европа, од минатата и оваа сезона, се добиваат поразителни резултати за Реал.

Реал минатата сезона / Реал оваа сезона:

Голови во првенството: 33 / 31
Голови во Европа, Лига на шампиони, Суперкуп на Европа: 13, – / 9, 2

Вкупно голови: 46 / 42

Освен послаби бројки во нападот, Реал сезонава веќе пет пати е поразен, два во првенството и три во Лигата на шампионите, додека во целата мината сезона Реал имаше само еден пораз во домашното првенство.

Вкупно минатата сезона двапати одигра натпревар без постигнат гол, а сега има три такви натпревари оваа сезона.

Очигледно, на кралскиот клуб му оди полошо оваа сезона, а според медиумите, цената на лошите резултати ќе ја плати Карло Анчелоти, кој на крајот од сезоната ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но засега никој ова официјално го потврди.

Scroll to Top