Шпанскиот весник „Марка“, познат како медиум екстремно близок до Реал Мадрид, не е задоволен што Герет Бејл и Хамес Родригез решиле предвреме да си заминат од дуелот со Реал Бетис вечара навечер.
Бејл и Родригез воопшто не беа во составот на Реал Мадрид, но според правилата во клубот беа обврзани да бидат на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на 90-те минути. Но, двајцата решиле да си заминат на 10 минути пред крајот на мечот, кога „кралевите“ бараа гол за победа, но на крајот мечот заврши 0:0.
Од друга страна се верува дека двајцата си заминале предвреме за да го избегнаат сообраќајниот метеж предизвикан од работата околу стадионот.