Top Sport

„Марка“ тврди дека Тен Хаг веќе „отпишал“ дури 13 фудбалери!

Ерик Тен Хаг планира во текот на летото Манчестер јунајтед да се „ослободи“ од дури 13 фудбалери во новата фаза на организацијата на тимот, тврди шпанска „Марка“.

Иако повеќе британски медиуми последните месеци шпекулираат кој ќе си замине од „Олд Трафорд“, но „Марка“ е прва која ги именува сите фудбалери кои се вишок на холандскиот тренер.

На прво место, секако, е најскапиот одбранбен играч во историјата, капитенот Хери Мегваер, кој оваа сезона тешко наоѓа место во тимот, но и долгогодишниот напаѓач Антони Марсијал, кој повторно се мачи со повреди. Тука е и поранешниот играч на Ајакс Дони ван де Бек, миленикот на Кристијано Роналдо, Ентони Еланга, Ерик Баји (кој е позајмен во Марсеј), Алекс Телес (кој е позајмен во Севилја), Брендон Вилијамс, Факундо Пелјистри, Амад Дијало (кој блеска за Сандерленд во втората лига), Виктор Линделоф, Фил Џонс и Скот Мектоминеј.

Scroll to Top