Top Sport

Маркињос ќе остане во ПСЖ

Бразилскиот фудбалер на ПСЖ, Маркињос постигнал договор со челниците на клубот околу продолжување на соработката до 30 јуни 2027 година, пренесуваат француските медиуми.

Маркињос (28) има договор со ПСЖ до 30 јуни 2024 година, но по неколкумесечни преговори реши да остане во актуелниот француски шампион.

Маркињос во Париз пристигна во 2013 година од Рома за 31,4 милиони евра, а пред римскиот клуб настапуваше за Коринтијанс.

За ПСЖ одигра 399 натпревари и постигна 38 голови. Со клубот од Париз освои 26 клупски трофеи.

Scroll to Top