Top Sport

Маркињос: Нејмар предвреме го планираше потсмевањето со Халанд

Маркињос открива дека неговиот бразилски сонародник и соиграч од Пари Сен-Жермен, Нејмар имал план да се потсмева со младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд при дуелот од Лигата на шампионите.

Дортмунд стигна до 2:1 победа во првиот меч на домашен терен во осминафиналето на ЛШ благодарение на двата гола на Халанд, кои тој ги прослави со неговата препознатлива „јога“ поза, Нејмар бил мотивиран да му се одмазди на Норвежанецот, посебно откако се појави фотографија од него во Париз со порака: „Мој град, не ваш“.

Нејмар ги инспирираше ПСЖ до 2:0 победа над Дортмунд на „Паркот на принцовите“ со еден гол, по кој се постави во истата поза како Халанд, а на крајот на мечот тоа го направија речиси сите играчи на францускиот клуб. Нејмар ја продолжи „забавата“ и на Инстаграм со порака: „Париз е наш град, не твој“. Маркињос вели дека ова било детално испланирано и дека Нејмар не се плаши од конфликти.

„Тој го сака тоа. Нејмар не е само фудбалер, тој е бестрашен и секогаш одговара на провокации. По неговиот гол му кажав да почека до крајот на мечот пред да слави, но тој ми порача да не го спречувам“, изјави Маркињос.

УЕФА официјално го предупреди ПСЖ за „неспортско однесување“, но не ги казни.

Целиот тим на ПСЖ го провоцираше Халанд (Видео)

Нејмар се потсмеваше со Халанд (видео)

 

Scroll to Top