Top Sport

Синот на Али е сигурен: Мојот татко ќе го „здробеше“ Тајсон, но ќе се мачеше со Брус Ли

Мухамед Али лесно ќе го победел Мајк Тајсон доколку двајцата би се сретнале во рингот во своите најдобри денови, но би се мачел против кунг-фу филмската легенда Брус Ли, смета најстариот син на боксерот, Мухамед Али Јуниор.

Дебатата кој е подобар тешкаш од двете боксерски легенди стана тема последните недели, откако прво компјутерската симулација на „Светската боксерска супер серија“, Тајсон беше подобар од Али, мислење со кое се согласува и актуелниот шампион Ентони Џошуа, иако самиот Тајсон се сомневаше дека би бил подобар од „најголемиот“ Али.

Сега, Мухамед Али Јуниор, најстариот син од деветте деца на Али, кој почина во јуни 2016 на 74 години, вели дека нема сомнеж кој би победил.

„Мојот татко ќе го здробеше Тајсон. Сите велеа дека Мајк Тајсон би бил победник, но тој не е боксер, туку е уличен тепач. Нокаут-уметник. Во рингот со мојот татко би немал шанси, бидејќи Тајсон не можеше во 12 или 15 рунди“, вели Али Јуниор.

Сепак, еден човек би претставувал голем проблем за Али – Брус Ли.

„Тоа би било добра тепачка. Двајцата беа млади, агилни и одеа до крај со своите тренинзи и беа најдобри во тоа што го прават. Тој беше како Мухамед Али за каратето“, додава 47-годишниот Али Јуниор.

Тајсон: Мухамед Али лесно ќе ме победеше

Scroll to Top