Top Sport

Марко Асенсио ќе остане во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио одлучил да остане во „кралскиот клуб“, пренесуваат медиумите во Мадрид.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Асенсио решил да остане во Реал откако разговарал со тренерот Карло Анчелоти.

Италијанскиот стручњак му порачал на шпанскиот репрезентативец дека смета на него оваа сезона и му ветил дека ќе добие поголема минутажа во дресот на европскиот шампион.
Асенсио (26) во Реал пристигна во 2016 година од Мајорка, а за мадридскиот клуб одигра 236 натпревари и постигна 49 голови.

За шпанската репрезентација одигра 28 натпревари.

Scroll to Top