Фудбалскиот клуб Реал Мадрид потврди дека нивниот играч Марко Асенсио се здобил со тешка повреда на натпреварот против Арсенал, одигран во рамките на Меѓунардниот Куп на шампионите.
Асенсио ги скинал вкрстените лигаменти во левото колено, го повредил и менискусот и според прогнозите му претстои пауза помеѓу седум и девет месеци.
Клубот објави дека младиот фудбалер ќе биде опериран во наредните неколку денови.
? Parte médico de Asensio.#RealMadrid
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) July 24, 2019
„Загрижени сме поради повредата на Асенсио. веднаш замина на прегледи. Не изгледа добро. За нас ова е најлошата вест денес, останавме без играч чие отсуство ќе се почувствува на теренот“, рекол тренерот на Реал Зинедин Зидан.