Top Sport

Марко Ројс се откажа од капитенската лента во Борусија Дортмунд

По пет сезони како капитен, ветеранот Марко Ројс неочекувано реши да се откаже од капитенската лента во Борусија Дортмунд, оценувајќи дека е време за промена и посочувајќи дека верува дека тренерот Един Терзиќ ќе направи вистинска одлука.

„Имав привилегија да ја носам оваа лнта пет години со гордост и чест. Ви благодарам за подршката овие години и верувам дека Себастијан и Един ќе најдат вистински наследник. Сигурен сум во тоа“, вели Ројс.

Тој стана капитен на „милионерите“ во 2018/19 заменувајќи го Марсел Шмелцер.

Scroll to Top