Top Sport

Интер се пофали со потписот на Фратези

Интер официјално го потврдија трансферот на Давиде Фратези од Сасуоло, како второ засилување во летниот преоден рок по францускиот напаѓач, Маркус Тирам.

23-годишниот Фратези пристигнува првично на 12-месечна позајмица со обврска за потпис во февруари 2024, и ќе потпише петгодишен договор со „нераѕурите“ со годишна плата од 2.8 милиони евра.

Фратези, кој беше дел од јуниорските школи на Лацио и Рома, пристигна во Сасуоло во 2017 година, по што беше на три позајмици во Серија Б со Асколи, Емполи и Монца, пред да има 72 настапи за Сасуоло.

Scroll to Top