Победата од 9:0 над Генгам на Пари Сен-Жермен со себе донесе и една непријатна работа – сериозната повреда на италијанскиот репрезентативец Марко Верати.
Верати имаше незгоден доскок, а потоа и еден противнички фудбалер без намера му згазна на скочниот зглоб кој се изврте.
„Вестите не се убави, и мислам дека се работи за посериоззна повреда. Ова е најлоша вест која можеше да дојде“, вели тренерот Томас Тухел.
Ако се работи за повреда која ќе го оддалечи Верати подолго време од составот, тој ќе ги пропушти мечевите од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед, а исто така ќе го примора Тухел да го врати во составот „бунтовникот“ Адриен Рабио, кој неодамна беше пратен да тренира со вториот тим на ПСЖ откако одби да го продолжи договорот.