Top Sport

Марко Верати ќе ја продолжи кариерата во Катар

Европа полека ја губи моќта на фудбалскиот маркет. Огромен број ѕвезди ова лето заминаа во Саудиска Арабија, а Лионел Меси реши да замине преку Атлантикот и игра за Интер Мајами.

Уште една ѕвезда го напушта европскиот фудбал, но играчката кариера ќе ја продолжи во Катар, поточно во Ал-Араби.

За италијанскиот репрезентативец Марко Верати се тврдеше дека има договор со Ал-Хилал, но дека чека понуда и од Европа. На крајот, тој ќе замине во Катар за 45 милиони евра.

 

Scroll to Top