Шпанскиот репрезентативец Маркос Алонсо, во средата, потпишал нов договор со Челси, објави клубот на своите страници на социјалните мрежи. Алонсо го продолжил договорот со „сините“ до 2023 година.
„Среќен сум што сум тука и што ќе продолжам да играм за еден од најдобрите тимови во светот. Зад мене се две добир сезони во Челси. Се надевам дека такви ќе бидат и оние што ми претсотјат“, рекол Шпанецот.
Маркос Алонсо има 27 години, во Челси дојде од Фиорентина, а досега има одиграно 92 натпревари на кои постигнал 15 гола.
Во кариерата има настапувано и за Болтон, односно Сандерленд.