Манчестер јунајтед испратиле конкретна понуда за играчот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте. „АС“, тврди дека на „Ванда Метрополитано“ пристигнала понуда од 80 милиони евра. Атлетико во 2019 година, на Реал за Љоренте, им платија 40 милиони евра.
Атлетико, како и многу други клубови, има финансиски проблеми, а остана и без дополнителни приходи поради елиминацијата од Лигата на шампионите.
Клубот, како што тврди овој извор, ја прифаќа понудата, меѓутоа Љоренте не сакал да се пресли во Премиер лигата.
26-годишниот Љоренте е најдобриот играч на Атлетико оваа сезона, тој е најдобриот асистент во Ла Лига. Досега во сезоната постигнал 10 гола и забележал 10 асистенции.
Љоренте неодамна изградил куќа во Мадрид, задоволен е од статусот што го има во клубот и поради тоа не го прифатил трансферот.
Задоволни од Љоренте се и во клубот, кој неодамна му ја зголеми платата.
Како сега стојат работите, Атлетико во летниот преоден рок ќе го продаде Саул Нигез, за кого најголем интерес покажале од Баерн Минхен.