Францускиот репрезентативец Маркус Турам е нов член на италијанскиот калчолигаш Интер. Тој доаѓа од Борусија Менхенгладбах, а имаше одлични игри за „триколорите“ на Светското првенство во Катар.
Турам треба да биде замена за Един Џеко, кој го напушти Интер и се пресели во турскиот гигант Фенербахче.
Французинот потпиша договор на пет сезони, а ќе заработува по 6 милиони евра годишно.
Интер преговара и околу можноста да го задржи Ромело Лукаку.
🎬⏳#ForzaInter #WelcomeMarcus pic.twitter.com/TvY5TfrIZa
— Inter (@Inter) July 1, 2023