Вахид Халилхоџиќ избори пласман со Мароко на Светското првенство во Катар. 69-годишниот тренер влезе во историјата на фудбалот, со пет различни репрезентации успеал да се пласира на завршните турнири.
И покрај тоа што ја оствари целта, извесно е дека Халилхоџиќ нема да го предводи Мароко на мундијалот.
Мароканската јавност го критикува што го исфрли од репрезентацијата најголемите ѕвезди: Хаким Зијеш, Нусаир Мазрауи и Абдеразак Хамндалах. Јавноста и навивачите бараат овие играчи да се вратат во националниот тим.
Мислењето на јавноста го поддржува и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Мароко, Фоузи Лекја. Тој рекол дека ќе направи се што е во негова моќ, Мароко во Катар да настапи со најдобрите играчи.
До крајот на неделата, Лекја, ќе разговара со Мазрауи и Зијеш. Доколку тие потврдат дека нема да играат за Макоро додека селектор е Халилхоџиќ, тогаш селекторот ќе добир отказ, тврди „Footmercato“.
Според извор, Мароканците имале кандидати за местото на Халилхоџиќ. Доколку 69-годишникот замине, Мароканците ќе преговараат со Клод Пуел, Руди Гасија и Лоран Блан.
Мароко на СП ќе игра против Белгија, Хрватска и Канада.