Top Sport

Мароко едвај до победа против аутсајдерот Намибија (видео)

Мароко со победа ги стартуваше натпреварите на Африканскиот куп на нации, откако Намибија си постигна автогол во 89. минута за минимален 1:0 триумф.

Клучниот момент на мечот се случи во 89. минута, кога Хишам Зијеч упати убава топка во шестнаесетникот на противникот,  која наместо да дојде до напаѓачите, стигна до Итамунуа Кејмине, кој ја смести топката во сопствениот гол.

Иако разочарани од играта, Мароко може да биде задоволен од победничкиот старт во тешката група Д во која се и Јужна Африка и Брегот на Слоновата Коска.

Scroll to Top