Првото дерби на Африканскиот куп на нации (АФЦОН) во Камерун, мечот помеѓу Мароко и Гана заврши со минимален триумф на Мароканците, откако тие ја казнија неверојатната грешка во одбраната на својот противник.
Поранешниот фудбалер на Саутемптон, а сега фудбалер на францускиот прволигаш Анжер, во 80. минута ја доби топката во шестнаесетникот на Гана по навистина смешна реакција на одбраната на ривалите, за да донесе победа за тимот предводен од Вахид Халилхоџиќ. Мароко и Гана се во тешката група Ц, каде што се и Габон, како и дебитантите на турнирот, Коморските Острови (Комори).
Во вториот меч од групата Б, Гвинеја со голот на Исијага Сила стигна до 1:0 победа над Малави за да се израмни со Сенегал на првото место на табелата.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА Б
Гвинеја – Малави 1:0
ГРУПА Ц
Мароко – Гана 1:0
?Painful defending from #TeamGhana leads to a painful outcome as #TeamMorocco snatch the lead in the last ten minutes! Sofiane Boufal sets Moroccan hearts alight! pic.twitter.com/BUkNmBiTw8
— af•recon #AFCON2021 ? (@af_recon) January 10, 2022