Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечервашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција.
Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот.
Саибари постигна три гола на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.
Одличните игри само му овозможија трансфер во Баерн Минхен. Тој се повреди на осминафиналниот натпревар против Канада, во првото полувреме мораше да го напушти теренот.
Селекторот Мохамед Уаби потврди дека неговиот најдобар стрелец нема да може да им помогне на своите соиграчи.
„Саибари нема да игра денес. Се надевам дека ќе биде подготвен за следниот натпревар“, рече Уаби.
Натпреварот помеѓу Франција и Мароко ќе се игра вечерва во 22:00 часот во Фоксборо, Бостон.
Foto/ Depositphotos
