Top Sport

Мароко се врати по магичниот гол на аутсајдерите Малави

Во уште еден дуел во кој аутсајдерите направија повеќе од очекувањето, Малави ги намачи Мароко, пред Ашраф Хакими да им донесе четврт-финале од Африканскиот куп на нациите на Мароканците.

Габадињо Манго, фудбалерот на Орландо во МЛС лигата, во 7. минута постигна апсолутно фантастичен гол од 40-тина метри за да ги шокира Мароканците. Тие се вратија во живот со голот на ѕвездата на Севилја, Јусеф Ен Несири во финишот на полувремето, пред фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими во 70. минута да ги постави конечните 2:1 со исто така прекрасен гол од слободен удар.

ОСМИНАФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Мароко – Малави 2:1

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Буркина Фасо – Тунис

Гамбија – Камерун

Сенегал – Мали/Екваторска Гвинеја

Брег на Слонова Коска/Египет – Мароко

Scroll to Top