Спортскиот директор на Јувентус Џузепе Марота на италијанските медиуми им открил дека еден од најдобрите играчи на „старата дама“ ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
„Моногу пати со рекол дека кога играч ќе побара трансфер, ние му излегуваме во пресрет, без оглед на тоа колку е значаен за тимот. Доколу играчот е незадоволен тогаш е најдобро да го пуштите да си оди“, рекол Марота.
Бразилецот Алекс Сандро не е задоволен од својот статус во тимот и изразил желба да го напушти клубот. Јувентус за овој играч бара 60 милиони евра, а најсериозни кандидати за неговиот потпис се Премиер лигашите, Челси и Манчестер Сити.