Top Sport

Марота призна дека се размислува за продажба на Интер!

Иако директорот Стивен Жанг преку соопштение демантираше дека кинеската „Сунинг групација“ размислува за продажба на Интер, денеска генералниот директор на клубот, Бепе Марота признава дека Кинезите „размислуваат“ за продажба на дел од клубот.

„Сопствениците ги разгледуваат можностите во интерес на Интер и со почитување на историјата на клубот. Знаеме дека можеме да сметаме на солидна база, бидејќи сме компактен тим. Шпекулациите околу нас нема да ги коментираме“, изјави Марота пред мечот од Копа Италија меѓу Интер и Фиорентина.

Британскиот инвестициски фонд „БЦ партнерс“ се подготвени да инвестираат во славниот милански клуб и би сакале да купат мнозинство од акциите од Сунинг. Според финансискиот весник „Ил соле 24 оре“, „БЦ партнерс“ веќе ја започнале финансиската проценка на вредноста на клубот (која се смета дека е под милијарда евра), и утре ќе имаат итен состанок на бордот на директори за да се одлучи за наредните чекори.

Scroll to Top