Top Sport

Јунајтед го продадоа Фосу-Менса на Леверкузен

Манчестер јунајтед потврдија дека нивниот дефанзивец Тим Фосу-Менса заминува од „Олд Трафорд“ со постојан трансфер во Баер Леверкузен, не откривајќи ја сумата за трансферот, иако англиските медиуми велат дека се работи за околу 2 милиони евра.

23-годишниот холандски интернационалец, пристигна во Јунајтед од младинската академија на Ајакс, и иако дебитираше во првиот тим за „ѓаволите“ во 2016 година, тешко наоѓаше место во првиот тим, и беше праќан на позамица во Кристал палас и Фулам.

Фосу-Менса си заминува со 30 настапи за клубот, од кој последниот во мечот од Лигата на шампионите против Лајпциг во ноември.

Scroll to Top