Top Sport

Марота: Шкринијар, за жал, веќе не може да биде капитен на Интер

Директорот на Интер, Бепе Марота вели дека клубот има „огромен респект“ за професионалноста на Милан Шкринијар, но дека тој не може да ја носи капитенската лента во последните пет месеци на „Сан Сиро“ бидејќи Интер не „може да се трка со ПСЖ и Челси“ според платите кои ги дава.

Навивачите на Интер од „Курва Норд“ пред вечерашното дерби поделија памфлет на сите присутни на стадионот дека Шкринијар ги објаснил неговите причини за заминување во ПСЖ како слободен играч на крајот на сезоната, обвинувајќи го Интер дека не направиле доволно за својот играч.

„Со малку тага, бидејќи можеше подобро да заврши, заклучуваме дека Шкринијар е професионалец и има право на свој избор, но ако не се делат одредени вредности, тогаш не може да ја носи капитенската лента. Како и сите други, Милан мора да игра за клубот од респект кон фановите и одиме понатаму. Италијанскиот фудбал е во транзиција и мораме да прифатиме дека нашите најдобри играчи ќе заминуваат на места каде што ќе добиваат повисока плата. Мораме да наоѓаме фубалери во нашите тимови, во младинските состави. Во Премиерлигата се потрошија 700 милиони евра во јануари, додека цела Серија А не потроши повеќе од десетина. Ние ја немаме таа моќ“, вели Марота.

Scroll to Top