Top Sport

Првпат од септември 2020 Халанд заврши меч без удар на гол!

Тотенхем успеја целосно да го „отсечат“ најдобриот стрелец во Премиерлигата, Ерлинг Халанд, откако на денешното дерби не му дозволија ниту еднаш да шутне на голот, нешто што последен пат му се случило на Норвежанецот во септември 2020.

Халанд има 31 гол за Сити во сите натпреварувања оваа сезона, вклучувајќи четири хет-трика, но беше целосно исфрустриран во 90 минути на стадионот на Тотенхем, и немаше удар на голот првпат од мечот на Борусија Дортмунд против Дуизбург пред повеќе од две години.

Сити исто така продолжија со лошите резултати на мечевите на новиот стадион на Тотенхем – таму имаат пет порази во пет меча и ниту еден постигнат гол по дури 84 удари на голот.

Scroll to Top