Првиот човек на Интер, Џузепе Бепа Марота, им соопшти добри вести за навивачите на тој клуб.
Во разговор со медиумите, Марота откри дека и покрај понудата на Барселона, Алесандро Бастони дури и не размислува да го напушти Интер, иако медиумите пишуваа поинаку овие денови.
„Мислам дека нашите навивачи можат да се релаксираат во врска со ситуацијата со Бастони. Тој никогаш не побарал да си оди, среќен е овде, а Интер не е клуб што живее од продажба на играчи“, изјави Марота за „DAZN“, а потоа додаде:
„Верувам дека Бастони ќе остане со нас“.
Foto/ Depositphotos
