Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј потврди дека тренерот Игор Тудор (45) ќе го напушти клубот. Тудор минатото лето од Верона пристигна на „Велодром“.
Сезоната ја заврши на третото место во Лига 1, не успеа да ја мине фазата по групи во Лигата на шампионите, а во Купот на Франција беше елиминиран од второлигашот Анеси, откако претходно сензационално го победи ПСЖ.
Тудор разговарал со челнците на Марсеј, а потоа ги известил играчите дека си заминува.
На официјалниот сајт на Марсеј беше пренесена изјавата на претседателот на клубот Пабло Лонгорија: „Ја прифативме одлуката на Игор. Благодарни сме за добрата работа што ја направи и за покажаната почит. Среќни сме за сезоната што ја минавме заедно”.
Да потсетиме, Тудор неодамна се поврзуваше со Јувентус, каде би можел да го наследи Макс Алегри по тешката сезона за торинскиот клуб, на кој му беа одземени бодовите поради финансиска измама.