Олимпик Марсеј го одигра првиот меч од новата сезона во француската Лига 1, победувајќи со 3:2 на гостувањето кај новиот прволигаш Брест, како совршена подготовка пред големото француско дерби против Пари Сен-Жермен за две недели.
Флоријан Тован во 20. минута и Хрватот Дује Чалета-Цар во 27. минута им донесоа водство на гостите, пред Брест да намали на 1:2 во финишот на првото полувреме, преку Роман Фавр.
Тован и Чалета-Цар го решија победникот во 80. минута, кога по нафрлањето на Тован, Хрватот се најде на вистинско место за 3:1. Сепак, домаќините не се предадоа до крај и во 89. минута Гаетан Шарбоние намали на 2:3 и клубот од Бретања ќе почека за првата победа во елитата.