Марсеј со четвртата забележана победа во низа, овојпат со 2:1 над Брест се доближи на пет поени од лидерот Пари Сен-Жермен по првиот меч од 15. коло во француската Лига 1.
Во првиот меч со новиот прволигаш од 2013 година, тимот на Андре Вилаш-Боаш стигна до водство преку Буна Сар во 56. минута, резултат кој остана до интересните последни минути од мечот.
Гостите од Бретања успеаја да израмнат преку Ирвин Кардона во 88. минута, но во следниот напад, младиот Србин, Немања Радоњиќ донесе три поени за Олимпик. Инаку Марсеј доминираше во текот на целиот меч, упатувајќи неверојатни 34 удари на голот на гостите, а двапати ја погодија и стативата.