Top Sport

Марсека и наредната сезона ќе го предводи Челзи

Енцо Мареска ќе го предводи Челзи и следната сезона, објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Според овој извор, Лоренс Стјуарт и Пол Винстални планираат Италијанецот да остане на клупата на двократниот европски шампион барем до јуни 2026 година, дури и ако тимот не се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.

На две кола до крајот, Челзи е на петтото место на табелата во Премиер лигата, односно на позиција што гарантира пласман во елитното европско натпреварување.

До крајот на сезоната „сините“ ги очекуваат натпревари против Манчестер јунајтед и Нотингем Форест во шампионатот, додека ќе се соочат со Бетис во финалето во Конференциската лига на 28 мај.

Scroll to Top